Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Израелските власти ги објавија имињата на 95 палестински затвореници што планираат да ги ослободат во недела, како дел од првата размена на затвореници според договорот за прекин на огнот со Хамас.
Израелското Министерство за правда соопшти дека затворениците нема да бидат ослободени пред 16 часот по локално време во недела (15 часот по средноевропско време). Израелските медиуми јавуваат дека жените се мнозинство меѓу 95-те Палестинци кои ќе бидат ослободени во недела, а повеќето од нив биле уапсени по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.
Израелското Министерство за правда соопшти дека затворениците нема да бидат ослободени пред 16 часот по локално време во недела (15 часот по средноевропско време). Израелските медиуми јавуваат дека жените се мнозинство меѓу 95-те Палестинци кои ќе бидат ослободени во недела, а повеќето од нив биле уапсени по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година. Civilmedia
Израелските власти ги објавија имињата на 95 палестински затвореници што планираат да ги ослободат во недела, како дел од првата размена на затвореници според договорот за прекин на огнот со Хамас. Kanal5
Договорот треба да биде одобрен и од израелската Влада, по што треба да стапи во сила утре.
Како дел од првата фаза од договорот, која ќе трае шест недели, Хамас се согласи да ослободи 33 заложници, меѓу кои деца, жени, вклучително и жени војници и мажи постари од 50 години. Sitel
Вицепремиерот и министер за земјоделство на Хрватска Јосип Дабро синоќа поднесе оставка откако во јавноста протече видео на кое се гледа како тој преку отворен прозорец пука од пиштол ХС-2000 додека се вози во приватен автомобил.
Премиерот Андреј Пленковиќ ќе го разреши Јосип Дабро од функцијата вицепремиер и министер за земјоделство, шумарство и рибарство, со кого синоќа разговараше и побара од него да поднесе оставка, што Дабро потоа и го направи, изјави утрово владиниот портпарол Марко Милиќ.
Двајца судии на иранскиот Врховен суд се убиени денеска во зградата на судот во Техеран од вооружен маж кој потоа извршил самоубиство.
Коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа по полноќ го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците држени во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, откако претходно беше одобрен и од безбедносниот кабинет.
Лидерите на Г7 го опишаа договорот за прекин на огнот во Газа како „важна вест“ и ги повикаа Хамас и Израел да работат на неговото „целосно спроведување“.
Израел сè уште нема да објави прекин на огнот во Газа поради условите што ги поставилa терористичката група Хамас.
Според документот за прекин на огнот, во кој увид имаше Ал Џезира, планирани се три фази.
Новата здминистрацијата на Доналд Трамп уште во првиот ден од својата работа оди во акција на апсење нелегални имигранти и тоа во Чикаго, објави синоќа „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на лица запознати со плановите.
Новата здминистрацијата на Доналд Трамп уште во првиот ден од својата работа оди во акција на апсење нелегални имигранти и тоа во Чикаго, објави синоќа „Волстрит журнал“ повикувајќи се на лица запознати со плановите.
ТикТок објави дека речиси сигурно ќе престане со работа во САД почнувајќи од утре по одлуката на американскиот Врховен суд во врска со законот што го донесе Конгресот во врска со функционирањето на оваа популарна апликација.