Во Ерусалим изутрината одекнале експлозии, набргу откако се огласиле сирените за тревога во градот и централниот дел на Израел, ден пред стапување во сила на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците, објавија израелските медиуми.
Договорот за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел ќе стапи во сила в недела, во 8:30 часот по локално време, објавија властите на Катар – земја која беше активен учесник во договорите за примирје помеѓу завојуваните страни.
Лидерите на Г7 го опишаа договорот за прекин на огнот во Газа како „важна вест“ и ги повикаа Хамас и Израел да работат на неговото „целосно спроведување“.
Израел нема да спроведе прекин на огнот во Газа додека не добие список од 33 заложници кои Хамас ќе ги ослободи во првата фаза од договорот, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.