Маск лани најави и дека размислува да „и донира 100 милиони долари“ на екстремно десничарската партија Реформа на Обединетото Кралство (Реформ УК), поранешната Брегзит партија, на Најџел Фараж, но потоа се сврте против него и застана во поддршка Томи Робинсон, основач на екстремистичката Англиска одбранбена лига (ЕДЛ). Дополнително, Маск го нападна и актуелниот британски премиер, лабуристот Кир Стармер, изнесувајќи обвинувања дека бил „соучесник во масовни силувања“, затоа што „не успеал да се справи“ со банда обвинета за случаи на злоупотреба на деца во времето кога бил јавен обвинител од 2008 до 2013 година. Biznisvesti