Доналд Трамп денеска ќе положи заклетва како 47. претседател на САД.
Уставот на САД предвидува мандатот на секој нов претседател да почне на 20 јануари точно напладне, по локално време во Вашингтон (18 часот по средноевропско време). Инаугурацијата обично се одржува на отворено на западната страна на зградата на Капитол, меѓутоа, температурите во главниот град на САД моментално се спуштаат до 12 степени под нулата, поради што инаугурацијата на Доналд Трамп ќе се одржи во зградата на Капитол.