Улогата на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) треба само да се зајакне, а не да се ослабне, соопшти во вторникот кинеското Министерство за надворешни работи, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави повлекување од организацијата.
Соединетите држави ќе се повлечат од Светската здравствена организација (СЗО – WHO), изјави во понеделникот претседателот Доналд Трамп, додавајќи дека глобалната здравствена агенција лошо постапувала со пандемијата на коронаворусната болест ковид-19 и со другите меѓународни здравствени кризи.