Претседателот на САД, Доналд Трамп на првиот ден од неговиот нов мандат потпиша повеќе извршни наредби – од климата до имиграцијата, заедно со голем број помилувања за оние кои упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година.
Златното доба на Америка почнува токму сега, рече американскиот претседател, Доналд Трамп во своето инаугуративно обраќање.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп им наложил на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во првите денови по неговата инаугурација закажана за денеска.
Американскиот претседател Џо Бајден ги помилува д-р Ентони Фаучи, пензионираниот генерал Марк Мили и членовите на Претставничкиот дом кои го истражуваа нападот на Капитол на 6 јануари, користејќи специјални овластувања во последните часови од неговиот мандат, со цел да се спречат потенцијалните правни последици за тројцата по враќањето на Трамп на власт.