Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на отворена владина седница го коментираше денешниот бојкот на продавниците и трговските синџири поради високите цени и оцени дека ова е важна и артикулирана порака од граѓаните која, како што рече, ќе се земе предвид.
„Ова е важна и артикулирана порака до граѓаните да ги следат и споредат цените и да сметаат дека некои од тие цени се неприфатливи во споредба со слични или идентични производи во странство, каде што во денешното време на технолошки напредок можат лесно да ги споредуваат цените со оние во другите земји “, рече Пленковиќ на воведот на владината седница.
Треба да почнеме разговори со Русија за војната во Украина бидејќи рускиот претседател Владимир Путин може да биде трпелив, а рускиот народ може да ги издржи санкциите, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на работниот појадок во рамките на Светскиот економски форум во Давос. Kajgana
Тоа е единствениот начин… да се добие фер (врска)“, додаде Андреј Пленковиќ.
Пленковиќ смета дека првите пораки на Трамп „се уште се одраз на расположението и динамиката што се случува во предизборниот, изборниот и особено во овој непосреден постизборен период“. Fokus
Пленковиќ истакнува дека „има моментум во процесот на проширување“.
„Новата Комисија сака нова стратегија за проширување, таа конечно сака да постигне, во мандатот на петгодишниот циклус и на Парламентот и на Комисијата, некој по Хрватска да стане членка на ЕУ“, рече Пленковиќ. Fokus
Премиерот додаде дека сега се очекува појасна позиција на новата американска администрација за решавање на војната во Украина.
Заедно со ветувањата за ставање крај на војните, Трамп се заканува и со царини. Fokus
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро за да се стави крај на војната со Украина и изрази желба да работи на намалување на нуклеарното оружје.
Доналд Трамп ја засили својата кампања против програмите за различност, притискајќи го и приватниот сектор да се придружи на иницијативата.
Заменик-амбасадорот на Русија во ОН одговори на економските закани на Доналд Трамп кон Москва.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најверојатно ќе воведе санкции против Русија доколку нејзиниот лидер Владимир Путин одбие да преговара за крај на војната во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, додека Москва чека известување од Вашингтон дека и таа страна е подготвена, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија „не гледа ништо ново во заканите“ од американскиот претседател Доналд Трамп за воведување нови санкции кон земјата доколку не се постигне договор за Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за да се спречи нова руска офанзива, потребни се најмалку 200.000 мировници од Европа.
Најмалку 200.000 странски војници се потребни за да може да се спроведе каков било мировен план помеѓу Русија и Украина, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски во Давос.
Ветувањата на Западот дека еден ден ќе ја прифати Украина во НАТО беа „лага“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека САД и Германија одржувале контакти со Русија во текот на целата војна.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги повика светските лидери да ја „засилат, а не да ја намалуваат“ поддршката за Украина, со цел земјата да влезе во евентуални мировни преговори со Русија во најдобра можна позиција, пренесува Гардијан.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во четвртокот на панелот на Светскиот економски форум (WEF) во швајцарски Давос изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „во право“ и дека Европа издвојува премалку за одбрана.
Неколку часа откако Доналд Трамп официјално стана претседател на САД, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин одржаа онлајн средба, на која се договорија за дополнително зајакнување на билатералните односи, објавија државните медиуми во двете земји.