Битката против разорните пожари во Јужна Калифорнија продолжува.
Последниот пожар избувна вчера северно од Лос Анџелес, во близина на езерото Кастаик, популарна рекреативна област, пренесува Си-ен-ен. Досега се изгорени повеќе од 9 000 хектари, а повеќе од 50 000 луѓе се евакуирани додека пожарникарите се борат да го локализираат огромниот шумски пожар, кој брзо се шири северно од градот.