Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД не ја прекинале воената помош за Украина откако новоименуваниот државен секретар Марко Рубио најави дека ќе го прекинат финансирањето програми за странска помош во рок од 90 дена.
Зеленски не прецизираше дали хуманитарната помош за неговата земја е прекината, но рече дека Украина се потпира на САД за 40% од своите воени потреби.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД не ја прекинале воената помош за Украина откако новоименуваниот државен секретар Марко Рубио најави дека ќе го прекинат финансирањето програми за странска помош во рок од 90 дена. A1on
Зеленски не прецизираше дали хуманитарната помош за неговата земја е прекината.
Украина се потпира на САД за 40 отсто од своите воени потреби. Nezavisen
Фокусиран сум на воената помош.
Таа не е запрена – рече вчера украинскиот претседател на заедничката прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду. Plusinfo
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева дека Европа и САД ќе учествуваат во евентуалните преговори за прекин на војната со Русија, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на неговите претходно дадени изјави за новинарите.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да „манипулира“ со претседателот на САД, Доналд Трамп, кога зборува дека за војната во Украина сака да преговара со САД.
Европската унија се согласи да ги продолжи санкциите, со кои на Русија ѝ се ускратуваат средства за финансирање на војната во Украина, за шест месеци, откако Унгарија ги повлече своите приговори на тој потег.
Соединетите држави ветија дека ќе ги преиспитаат санкциите кон Унгарија кои беа воведени во времето на поранешниот претседател Џо Бајден, изјави во неделата унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска ги отфрли повиците на демонстрантите да поднесе оставка, откако десетици илјади луѓе се побунија против промената на политиката на неговата влада кон Русија, јавува Ројтерс.
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека во моментов се подготвува список на лица кои административно ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар.
Стејт департментот ја замрзна речиси целата меѓународна развојна помош обезбедена од Вашингтон, освен виталните програми за помош во храна и воената помош за Израел и Египет.
Шефицата на македонската држава Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во посета на Република Полска, по повод одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на Освиенцим, близу Краков.