Вниманието на светот денеска е свртено кон Аушвиц-Биркенау, еден од најтемните симболи на човечката историја, а по повод одбележувањето на 80 години од ослободувањето на овој нацистички логор во Полска. Nezavisen
Не, ниту едно зло не треба да се избрише, ниту едно зло не смее да се заборави“, изјави Претседателката.
Претседателката потсети и на трагичната судбина на македонските Евреи, кои завршиле во логорот Треблинка и повика да се воспостави традиција на организирани посети на логорот. Mk
Комеморацијата во Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“ започна со поздравни обраќања и сведоштва на преживеаните, а во рамки на комеморативниот настан се обратија претседателот на Светскиот еврејски конгрес, Роналд Лаудер и директорот на Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“, Пјотер Цивински.
Со читање молитви и палење свеќи, присутните им оддадоа почит на жртвите на холокаустот пред вагонот од товарен воз, поставен пред главната капија на логорот Аушвиц II-Биркенау, како симбол на одбележувањето на годишнината. Novamakedonija
Денес, во фоајето на Министерството за надворешни работи, се одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот. Novamakedonija