Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео-порака се обрати на свеченото отворање на Петтата Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од денеска, под нејзино покровителство, се одржува на далечина. Nezavisen
Ректорката на УКИМ, директорката на Меѓународниот семинар при УКИМ и Советот на Семинарот, на најубав начин, успеаја да го кренат Семинарот на највисоко ниво.
Како покровителка на летните и зимските школи на Меѓународниот семинар при УКИМ, изразувам поддршка на афирмацијата на македонистиката во светот и кај нас, како што државниот врв и институциите јасно ја искажуваат својата поддршка кон дејноста на Меѓународниот семинар при УКИМ. Biznisvesti
Повторно сме заедно почитувани македонисти иако сега на далечина ќе ткаете голем македонистички мозаик налик везот на везилката ни. Ви благодарам што ја развивате македонистиката преку мостови на оваа прекрасна мрежа на соработка.
Летните и зимските школи на Меѓународниот семинар при УКИМ се извор на љубов и почит кон јазикот, литературата, науката и културата – што е срцевина на зборот филологија, но и знак за човекољубие и космополитизам. Biznisvesti