Од кабинетот на израелскиот претседател, Бенјамин Нетанјаху, синоќа соопштија дека првиот човек на Израел ќе се сретне со претседателот на САД, Доналд Трамп, следниот месец, а Белата куќа потврди дека е поканет, . Кабинетот на Нетанјаху го наведе 4 февруари како датум на посетата, додека, пак, Белата куќа не го прецизираше точниот датум.
Состанокот на самиот почеток на мандатот на Трамп може да се смета како силен гест на поддршка за Нетанјаху, кој се најде под жестоки меѓународни критики за војната во Газа.