Ние го поддржуваме Гренланд во постигнувањето на неговите цели за безбедност и за развој, изјави Хипер.
ЕУ е секогаш посветена на меѓународното право и на принципот дека границите мора да се почитуваат без разлика на големината или моќта на една нација, истакна денеска портпаролката на Европската комисија за надворешна работи и безбедносна политика Анита Хипер во одговор на прашање за коментар на изјава на државниот секретар на САД, Марко Рубио дека американскиот претседател Доналд Трамп „не се шегува“ кога говори за данскиот остров Гренланд. Kanal5
Повеќе испитаници ја сметаат Москва за закана, односно 86 отсто од анкетираните.
Од анкетираните, 78 отсто рекле дека би се спротивставиле на продажбата на Гренланд на САД, но 72 отсто рекле дека конечната одлука треба да биде на Гренланд, а не на Данска. Denesen
Н.
За иднината на Гренланд одлучуваат луѓето што живеат таму. Kanal5
Американскиот претседател Доналд Трамп е сериозен во намерата да го купи Гренланд, изјави државниот секретар Марко Рубио, откако Данска беше потресена од неговите закани дека ќе ја преземе автономната данска територија.
Во интервју, Рубио ја омаловажи заканата од САД да користат воена сила против Данска, сојузник на НАТО, но за забелешките на Трамп за Гренланд рече: „Ова не е шега“. Kanal5
Тој предупреди на стратешкото значење на Гренланд во контекст на зголемената глобална конкуренција за контрола на арктичките бродски рути и на енергетските ресурси.
Во интервју за „Мегин Кели шоу“, Рубио изјави дека Арктикот брзо станува клучна точка за глобалната трговија и за производството на енергија, што, исто така, може да стане предмет на глобален политички конфликт. Faktor
Копенхаген тврди дека само жителите на Гренланд можат да одлучуваат за својата иднина.
Според договорот, САД имаат воздушна база на островот. Kanal5
Нивните разговори доаѓаат во време на голема загриженост, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп постојано изразува интерес Гренланд, автономна територија на Данска, да стане дел од Соединетите држави од неговиот реизбор во ноември.
Трамп рече дека Гренланд е од витално значење за безбедноста на САД и дека Данска мора да се откаже од контролата на стратешки важниот арктички остров и не ја исклучи можноста за употреба на воен или економски притисок за да ја постигне својата цел. Netpress
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и данската премиерка Мете Фредериксен на состанокот во вторникот се согласија дека сојузниците мора да се фокусираат на зајакнување на одбраната на Арктикот, изјавил за Reuters извор запознаен со разговорите. Netpress