„Милош Вучевиќ ја водеше Владата на Србија со чест и посветеност.
Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка, соопшти денеска на прес конференција српскиот премиер Милош Вучевиќ кој информира дека донел одлука да поднесе оставка од функцијата.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ, кој денеска поднесе неотповиклива оставка, изјави дека останува на функцијата се додека не се избере нов премиер, а дотогаш целата влада ќе биде во оставка и ќе работи во технички мандат.
Девет месеци по формирањето на српската влада и три месеци по уривањето на настрешницата во Нови Сад, во која загинаа 15 лица и предизвика бран протести и студентски блокади, српскиот премиерот Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка.