Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека во врска со најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за стоки од ЕУ, тој гледа причина за загриженост, но не и за страв, бидејќи Полска има добри одговори на кризите како што се царинската војна, војната во Украина, растот на екстремната десница и популистите и илегалната миграција.
Оперативната команда на вооружените сили на Полска денеска на својот X налог објави дека утринава полетале полски и сојузнички борбени авиони F-16 со цел заштита на полскиот воздушен простор во екот на рускиот ракетен напад врз цели во западните делови на Украина.