Вработените во американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) денеска им било наредено да не влегуваат во седиштето на агенцијата во Вашингтон.
Администрацијата на Трамп во текот на викендот испрати на административно отсуство уште десетици вработени во американската Агенција за меѓународен развој, рекоа три извори запознаени со потегот, бидејќи се обидува да ја укине независноста на агенцијата и да ја стави под контрола на Стејт департментот, јавија американски медиуми.
Главната канцеларија на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во Вашингтон денеска е неочекувано затворена, а на вработените веднаш по полноќ им била испратена е-пошта во која им било кажано да не доаѓаат на работа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска соопшти дека ја презел функцијата вршител на должноста администратор на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), потврдувајќи го де-факто преземањето на хуманитарната агенција од страна на Стејт департментот.