Со доаѓањето на Доналд Трамп на власт, САД преминаа кон концептот „Америка на прво место“, што носи загрижувачка сличност со слоганот „Германија на прво место“ од времето на Хитлер, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во статија за списанието „Русија во глобалната политика“. Plusinfo
Во тој контекст, значајна изјава даде новиот државен секретар Марко Рубио во Сенатот на 15 јануари, нагласувајќи дека поствоениот светски поредок не само што е застарен, туку е претворен во оружје што се користи против интересите на САД.
Значи, сега не само што е непожелен системот Јалта-Потсдам со централна улога на ОН, туку и „поредокот заснован на правила“ кој се чини дека е олицетворение на егоизмот и ароганцијата на Западот на чело со Вашингтон во оваа ера после Студената војна, заклучи Лавров. Denesen
Да не зборуваме дека таквите изјави и идеолошки конструкции не покажуваат ниту сенка на почитување на меѓународните правни обврски на Вашингтон од Повелбата на ОН“, посочува Лавров.
Како што додаде, со враќањето на власт во САД на републиканската администрација предводена од Трамп, американското толкување на меѓународните процеси по Втората светска војна доби нова димензија. A1on