Европа треба да дејствува помудро во светот што стана потежок, вклучително и кон САД на Доналд Трамп, и да дејствува во свој интерес, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Трансатлантското партнерство останува нашата најконсеквентна врска и тоа е од фундаментална важност за промовирање на мирот, безбедноста и просперитетот, па затоа и наспроти се, разговаравме за начините за прагматична соработка со САД, порача доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на неформалниот Самит на Унијата во Брисел.