Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, изјави дека со доаѓањето на претседателот Доналд Трамп на власт САД се префрлија на концептот „Америка на прво место“, кој има вознемирувачка сличност со слоганот на Хитлер – „Германија, пред сѐ“. „Играњето на картата воспоставување мир со сила, дефинитивно, може да ја закопа дипломатијата.
Преминот кон концептот 'Америка на прво место' има алармантна сличност со слоганот од Хитлеровото време 'Германија на прво место'. Со доаѓањето на Доналд Трамп на власт, САД преминаа кон концептот „Америка на прво место“, што носи загрижувачка сличност со слоганот „Германија на прво место“ од времето на Хитлер, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во статија за списанието „Русија во глобалната политика“.