Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Минатиот месец беше најтоплиот јануари досега, продолжувајќи ја низата екстремни глобални температури и покрај промената на феноменот Ла Ниња за ладење, рекоа научници од Европската унија.
Со просечна температура од 13,23 степени Целзиусови според Коперникус, „јануари 2025 година беше 1,75 степени над прединдустриските нивоа“.
„Фактот дека се уште гледаме рекордни температури надвор од влијанието на Ел Нињо е малку изненадувачки“, вели Саманта Бургес, заменик директор на Коперникус.
Јануари ја продолжи низата на невообичаено топло време, при што во 18 од последните 19 месеци просечната глобална температура е над 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, објави службата за климатски промени на ЕУ, Коперникус, во својот месечен билтен. Kanal5
Минатиот месец беше најтоплиот јануари досега, продолжувајќи ја низата екстремни глобални температури и покрај промената на феноменот Ла Ниња за ладење, рекоа научници од Европската унија. Biznisvesti
Училишта во Загреб утрово добија дојави за поставени експлозивни направи, информираа Градот Загреб и полицијата, наведувајќи дека децата се безбедни и дека се надвор од училиштата и се проверуваат од експерти за деактивирање бомби.
Средното Машинско-техничко училиште во Загреб, Фауст Врачиќ, утрово пријави дека добиле дојава за поставена бомба.
Панама го негираше тврдењето на Стејт департментот во средата дека централноамериканската нација се согласила повеќе да не наплаќа такси за бродовите на американската влада да транзитираат по познатиот канал на земјата, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Управата на Панамскиот канал негираше дека ги ослободила бродовите во сопственост на американската влада од такси, како што претходно објави Стејт департментот.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која на трансродовите спортисти им се забранува да учествуваат во женски спортови.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови.
Доколку американскиот претседател Доналд Трамп ги исполни своите закани и воведе царини за стоки од Европската Унија, Брисел ќе одговори со таргетирање на големите технолошки компании објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два извора во ЕУ. Европската комисија се обидува да го искористи својот „Инструмент против принуда“ (Anti-coercion instrument ACI) во потенцијалниот спор со Вашингтон, изјавија за медиумот две официјални лица кои имале увид во плановите.
Доколку Доналд Трамп ги исполни своите закани и воведе царини за стоки од Унијата, Брисел ќе одговори со таргетирање на големите технолошки компании објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на свои извора во ЕУ. Европската комисија се обидува да го искористи својот „Инструмент против принуда“ во потенцијалниот спор со Вашингтон.
Војската на САД развива планови за повлекување на сите американски војници од Сирија, објави американската телевизија Ен-Би-Си, повикувајќи се на неименувани извори од Пентагон.