Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа на друго место, неговиот однос со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и отпуштањата на федералните службеници се меѓу главните моменти во западниот печат.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нема ништо лошо во идејата на Доналд Трамп за иселување на Палестинците од Појасот Газа, откако предлогот на американскиот претседател предизвика меѓународна критика.
Според американскиот државен секретар Марко Рубио претседателот на САД, Доналд Трамп предложил само привремено заминување на Палестинците од Газа, додека Појасот не биде расчистен и обновен, а не преземање на територијата од страна на Соединетите Американски Држави.
САД ќе го преземат Појасот Газа, уништената област ќе биде ривиера на Блискиот Исток но без околу 2-та милиони Палестинци кои сега живеат таму.