Специјалниот пратеник за Украина и за Русија, Кит Келог, изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвен да ги засили санкциите за Русија за да се стави крај на војната во Украина, но нагласи дека и Москва и Киев ќе мора да направат отстапки за да се постигне мир, . Келог изјави дека санкциите против Русија во моментов се само на трето од 10 нивоа во однос на економскиот притисок, додавајќи дека има простор за дополнително заострување, особено санкциите поврзани со руското производство и извоз на нафта.
Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, денеска изјави дека шансите Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје се „мали или никакви“.