Израел ќе ја предаде контролата врз Газа на САД по војната, нема потреба од американски војници на теренот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нема ништо лошо во идејата на Доналд Трамп за иселување на Палестинците од Појасот Газа, откако предлогот на американскиот претседател предизвика меѓународна критика.
Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа на друго место, неговиот однос со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и отпуштањата на федералните службеници се меѓу главните моменти во западниот печат.
Министерот за одбрана на Израел и нареди на војската да подготви план со кој ќе им се овозможи на жителите на Газа „доброволно да си заминат“, објавија израелските медиуми, откако американскиот претседател Доналд Трамп привлече меѓународна осуда за неговиот план да го преземе Појасот Газа.