Партијата на косовскиот премиер Албин Курти, Самоопределување, не успеа да ја достигне очекуваната апсолутна мнозинска поддршка на парламентарните избори, според првичните проценки и досега преброените гласови.
Премиерот Албин Курти и неговата левичарска националистичка партија Самоопределување (ВВ) победија на парламентарните избори на Косово, покажуваат излезните анкети и првичните резултати на Централна изборна комисија (ЦИК). Но владејачката партија предводена од Курти најверојатно ќе зависи од коалиционите партнери за да продолжи да владее.
Без поголеми непреавилности, под будното око на меѓународните набљудувачи и со засилено присуство на КФОР во Косово се одржуваат парламентарни избори, на кои право на глас имаат вкупно 2 милиони граѓани од кои нешто над 100 илјади се гласачи од дијаспората.
Првите излезни анкети што ги објави приштинската телевизија Клан Косова, спроведени од „Ипсос“, покажуваат дека на парламентарните избори во Косово најмногу гласови добило Движењето Самоопределување (ВВ) на Албин Курти – 38,2 отсто или 43 пратенички места.