Палестинската група Хамас денеска соопшти дека ќе го одложи ослободувањето на израелските заложници закажано за сабота, зашто Израел ги прекршил условите од договорот за прекин на огнот, објави нивниот портпарол Абу Обеида, пренесува Си-ен-ен. Според него, ослободувањето на заложниците ќе биде „одложено до понатамошно известување, додека окупаторот ретроактивно не ги преземе и исполни обврските од договорот“.