Тој нагласи дека очекува министрите да договорат голем број други важни иницијативи, меѓу кои и нова Комерцијална стратегија за Вселената и понатамошно зајакнување на интегрираната противвоздушна и ракетна одбрана на НАТО.
Руте најави дека во рамки на Советот НАТО-Украина министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата ќе се сретнат со нивниот украински колега Рустем Умеров и се високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и одбранбена политика Каја Калас, за да разговараат за поддршката на Киев. Biznisvesti
Имаме цврсти планови како да ги заштитиме нашите една милијарда луѓе во денешниот поопасен свет, но немаме се што ни е потребно за да ги спроведеме целосно доколку тоа биде неопходно, па затоа една главните тема на утрешната средба министрите за одбрана на НАТО ќе бидат трошоците за одбрана, најави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.
Сега се работи за да се договорат амбициозните нови цели за одбранбена способност на сојузниците, кои ќе бидат клучни за да се осигураме дека ги имаме соодветните луѓе и опрема за одвраќање и одбрана, истакна Руте на прес-конференцијата во пресрет на министерската средба. Biznisvesti