Србија го одбележа Денот на државноста со два паралелни собири – еден организиран од студентите како дел од националното движење против корупцијата, а другиот предводен од српскиот претседател Александар Вучиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека актуелните протести на студентите, кои речиси три месеци бараат одговорност за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, ќе влезат „во историјата на срамот“ како „највалканата обоена револуција во историјата на човештвото“ поради, како што цени тој, манипулацијата која ја прват врз децата, објавија дел од српските медиуми.
Протестот во Крагуевац под слоганот „Да се сретнеме на Сретение“, на кој го повикаа српските студенти, влезе во шестиот час, а колони луѓе од повеќе правци се уште пристигнуваат во градот, јави Бета.