Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не го критикува јавно претседателот на САД, Доналд Трамп, зашто, како што вели, таквите забелешки се контрапродуктивни и потенцијално би им наштетиле на односите Киев-Вашингтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп во објава денеска на неговата социјална мрежа Трут соушал излезе со нов напад врз неговиот украински колега Володомир Зеленски нарекувајќи го „диктатор“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната прес-конференција изјави дека неговата земја се надева на „сојузничка позиција во Европа, ЕУ и САД“ во, како што ја нарече, „неправедната војна“ против Украина, јави Би-Би-Си. – Не е лесно, но Кијив работи на тоа, изјави Зеленски, додавајќи дека Украина се обидува да организира средби, без да открие детали за учесниците.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека тој не ја коментира популарноста на политичките лидери, но дека според последните анкети, 58 отсто од Украинците имаат доверба во него.