Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги демантираше наводите на арапските медиуми дека Хамас ја предал контролата врз Појасот Газа на палестинската самоуправа, велејќи дека останува на своето ветување дека „денот по војната во Газа, ниту Хамас, ниту палестинската самоуправа нема да бидат таму“.
Хамас денеска изведе тројца израелски заложници пред голема толпа во Појасот Газа пред нивното најавено предавање на Црвениот крст како имплементација на договорот за прекин на огнот според кој Израел треба да ослободи стотици затворени Палестинци во замена за заложниците.
Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич денеска ги повика борците на Хамас да го предадат оружјето и да ја напуштат Газа.
Хамас денеска ослободи тројца израелски заложници – Александар Труфанов, Јаир Хорн и Сагуи Декел-Чен – предавајќи ги на претставниците на Црвениот крст во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа.