Инаку, попладнево Фон дер Лајен ќе учествува на неформалната средба во Париз на неколку европски лидери посветена на Украина и безбедноста на Европа, чиј домаќин е францускиот претседател Емануел Макрон.
На прашање што ќе биде темата на средбата во Париз, Де Керсмакер одговори дека тоа ќе бидат важни разговори за безбедноста на Европската Унија и на Украина, посочувајќи на пораките што Фон дер Лајен ги упати во обраќањето на 61. Минхенска безбедносна конференција. Netpress