Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го пофали американскиот претседател Доналд Трамп затоа што изјави дека претходната американска поддршка за обидот на Украина да се приклучи на воената алијанса на НАТО е главната причина за војната во Украина.
Трамп рече дека не гледа начин Русија да и дозволи на Украина да се приклучи на НАТО и го обвини поранешниот демократски претседател Џо Бајден за наводната промена на позицијата на САД за членството на Украина во НАТО. Fokus