Американскиот претседател Доналд Трамп во своите најнови изјави даде најнепријателски коментари за Украина досега, нанесувајќи и нов удар на земјата и нов поттик на рускиот претседател Владимир Путин, оценува Си-Ен-Ен. Откако го исклучи украинскиот претседател Володимир Зеленски од првите разговори меѓу САД и Русија за завршување на војната, одржани во Ријад во вторникот, Трамп ја обвини Украина за започнување на конфликт што ја опустоши нејзината земја и уби илјадници нејзини луѓе, објави американската телевизија.
Американскиот претседател Доналд Трамп инсистира на тоа дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „ќе биде вклучен“ во какви било мировни преговори за ставање крај на руската војна, додека тој исто така изјави дека може „многу наскоро“ да се сретне со лидерот на Кремљ Владимир Путин.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека тој не ја коментира популарноста на политичките лидери, но дека според последните анкети, 58 отсто од Украинците имаат доверба во него.