Францускиот претседател Емануел Макрон ќе му каже на својот американски колега Доналд Трамп дека „не може да биде слаб“ пред Владимир Путин и дека неговиот „стратешки интерес е ист како и европскиот“. Plusinfo
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека за време на неговата посета на Вашингтон ќе се обиде да го убеди американскиот претседател Доналд Трамп дека неговите интереси се во согласност со интересите на европските сојузници и дека покажувањето каква било слабост кон рускиот претседател Владимир Путин ќе ги отежне односите со Кина и Иран.
„Доналд Трамп сака да склучува договори“, рече Макрон одговарајќи на прашања на социјалните мрежи, додавајќи дека ќе му каже дека „не може да биде слаб“ пред Путин, објави „Фигаро“. A1on