Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија „ја држи картата“ во какви било мировни преговори за ставање крај на војната во Украина бидејќи „зазела многу територија“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната прес-конференција изјави дека неговата земја се надева на „сојузничка позиција во Европа, ЕУ и САД“ во, како што ја нарече, „неправедната војна“ против Украина, јави Би-би-си. – Не е лесно, но Киев работи на тоа – изјави Зеленски, додавајќи дека Украина се обидува да организира средби, без да открие детали за учесниците.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не го критикува јавно претседателот на САД, Доналд Трамп, зашто, како што вели, таквите забелешки се контрапродуктивни и потенцијално би им наштетиле на односите Киев-Вашингтон.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на изјавите на Доналд Трамп.„Никогаш не коментирам за рејтингот на популарноста, особено не за мојот или за оние на другите лидери“, рече Зеленски, но нагласи дека, според последната анкета, 58 отсто од Украинците му веруваат.