Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утринава го обвини Хамас за „сурово кршење“ на примирјето во Појасот Газа затоа што не го врати телото на Шира Бибас како што вети.
Вооруженото крило на Хамас потврди дека утре ќе ослободи шест свои заложници од Појасот Газа како дел од договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 19 јануари по 15 месеци војна. Kanal5
Израел го обвини Хамас дека ги уби двете деца Ариел и Кфир Бибас, кои беа заложници во Појасот Газа и оти било предадено тело на друга персона наместо на нивната мајка Шири. Biznisvesti
Тој рече дека Хамас наместо нејзиното го предал телото на непозната жена која не била држена како заложник.
Хагари повтори дека Израел бара телото на Шири Бибас брзо да им биде предадено на израелските власти во согласност со договорот. Civilmedia
Шири, Ариел и Кфир Бибас беа киднапирани за време на нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Таткото на децата, Јарден Бибас (34), беше ослободен од заробеништво на Хамас на 1 февруари. 360stepeni