Во изминатите неколку недели, Трамп и неговиот тим, исто така, го поткопаа НАТО, ги поддржаа екстремно десничарските политичари во Европа и ветија дека ќе ја погодат Европската унија со трговска војна поради нејзиниот „многу нефер“ третман кон САД.
Една стара поговорка на Ленин гласи: „Има децении кога ништо не се случува и постојат недели кога децении се случуваат“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека Киев ќе работи брзо на изготвување на силен договор за инвестиции и безбедност со САД, нагласувајќи дека средбата со специјалниот пратеник на Вашингтон за Украина и Русија, Кит Келог, „ја вратила надежта“ за успех.
Специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог денеска изјави дека имал „долги и позитивни разговори“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата тридневна посета на Украина.