Фридрих Мерц, лидер на коалицијата на германските конзервативни партии ЦДУ и ЦСУ, кои освоија најмногу гласови на парламентарните избори вчера, денеска изјави дека сака да формира коалициска влада со Социјалдемократите (СПД), кои се трети по бројот на гласови.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на лидерот на конзервативната опозициска демохристијанска партија Фридрих Мерц за победата на неговата партија на германските парламентарни избори и рече дека со нетрпение очекува да работат заедно за да донесе „вистински“ мир во Украина.
По победата на конзервативниот лидер, Фридрих Мерц, на германските избори во неделата, аналитичарите сметаат дека тој е на пат да ги преземе уздите на најголемата економија во ЕУ, а први на нишан веројатно се зелените политики, бегалците и Кина.