Biznisvesti
На второ место по бројот на гласови е десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на лидерката Алис Вајдел, која доби 20,5 отсто од гласовите и 141 место во германскиот Парламент, додека социјалдемократите на Олаф Шолц се на трето место со 16,5 отсто од освоените гласови, што им носи 114 пратенички места.
Според последните прелиминарни резултати, Зелените освоиле 11,9 отсто од гласовите, што им дава 83 места во германскиот Парламент, Левицата освоила 8,7 отсто од гласовите и 60 пратенички места, а партијата Разум и правда (BSW) на Сара Вагенкнет го надмина цензусот со 5,0 отсто од гласовите, што и носи 34 пратенички места во парламентот. Biznisvesti