Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја искористи можноста за време на неговото гласање да им се заблагодари на помагачите на изборите, кои во Германија ги има околу 675.000.
Германците утре ќе изберат 630 пратеници за новиот состав на Бундестагот, а најновите предизборни истражувања покажуваат дека опозициските демохристијани и екстремната десница, исто така опозициска Алтернатива за Германија (АфД) сѐ уште имаат најголема поддршка, но дека ниту една партија нема да има доволно пратеници за сама да формира влада.