Би сакал билатералните разговори да ја отворат вратата за вистински мировни преговори, но само Украина може да реши кога има услови за тоа, нагласи Кошта на прес-конференција на крајот на посетата на група европски лидери на Киев по повод тригодишнината од стартот на руската агресија врз Украина.
Како што јави известувачот од Киев на Европската новинска редакција (ЕНР), од која дел е и МИА, Кошта нагласи дека оваа војна не е поврзана само со Украина, туку и со европската безбедност, па затоа од суштинска важност е и Европа да биде присутна и да учествува во мировните преговори. Libertas