Францускиот министер за финансии Ерик Ломбард рече дека очекува САД да обезбедат поддршка за европските трупи за да помогнат во одржувањето на мирот по постигнувањето прекин на огнот меѓу Украина и Русија.
Во интервју за Блумберг во Кејптаун, каде што присуствува на состанокот на министрите за финансии на Г20, тој рече дека Велика Британија, Германија, Франција и другите европски земји се подготвени да испратат војници за да гарантираат прекин на огнот, но дека е потребна и поддршка од САД. Libertas