По драматично прекинатата средба на претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа уследи поддршка за шефот на украинската држава од европските лидери.
Реагираа премиерите на Полска и на Шпанија, Доналд Туск и Педро Санчез, истакнувајќи оти Украина не е сама. A1on
По драматично прекинатата средба на претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа уследи поддршка за шефот на украинската држава од европските лидери. Biznisvesti
Британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека синоќа имал телефонски разговор со Трамп и Зеленски.
„Тој ја потврди непоколибливата поддршка за Украина и ќе ја одигра својата улога во отворањето на патот за траен мир заснован на суверенитетот и безбедноста на Украина, изјави портпаролот на британската Влада“, рече порпаролот на британската Влада. Mk
И шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок посочи дека Германија и Европа се непоколебливо солидарни со Украина.
Додека премиерката на Италија, Џорџа Мелони повика на „итен самит“ помеѓу Европа и САД и апелираше на обединетост на трансатлантските сојузници. Plusinfo