Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека потпишал декларација за забрзување на доставувањето воена помош од околу четири милијарди долари за Израел.
„Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која ја презеде функцијата на 20 јануари, одобри воени продажби на Израел во вредност од речиси 12 милијарди долари“, рече Рубио и додаде дека „ќе продолжи да ги користи сите достапни инструменти за да ја исполни долгогодишната посветеност на Америка кон безбедноста на Израел, вклучително и средства за спротивставување на безбедносните закани“. Libertas
Во соопштението се додава дека преостанатите заложници ќе бидат ослободени откако ќе се постигне договор за траен прекин на огнот.
Виткоф го даде предлогот за продолжување на сегашниот прекин на огнот, разбирајќи дека е потребно повеќе време за да се постигне договор за траен прекин на огнот во преговорите, се вели во соопштението. Netpress
Хамас објави дека не е постигнат напредок во преговорите во египетската престолнина Каиро за втората фаза од прекинот на огнот.
Израел го прифати планот на американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стивен Виткоф, според кој прекинот на огнот треба да продолжи за време на Рамазан и Пасха, при што ќе бидат ослободени најмалку половина од заложниците кои останаа во заробеништво на Хамас. Libertas
Виткоф предложи продолжување на сегашниот прекин на огнот откако сфати дека е потребно повеќе време за да се преговара за траен прекин на огнот, додаде канцеларијата.
Вчера, портпаролот на палестинската група Хамас, Хазем Касем, изјави дека ја отфрла израелската „формулација“ за продолжување на првата фаза од примирјето во Газа, но не го спомна експлицитно планот на Виткоф. Kanal5
Палестинската радикална група Хамас денеска соопшти дека Израел се обидува да ги врати работите на почетната точка со барање за продолжување на првата фаза од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.
Со истекот на првата фаза од прекинот на огнот ноќта кон неделата, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека го прифатила предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп (преку пратеникот на Белата куќа за Блискиот Исток Стивен Виткоф) за привремен прекин на огнот во Појасот Газа за периодот на светиот муслимански месец Рамазан и Пасха. Biznisvesti
Предлогот на пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стивен Виткоф, е за привремен прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан и Пасха.
Според планот на Виткоф, половина од израелските заложници кои останаа во Газа – и живи и мртви – треба да бидат ослободени на првиот ден од втората фаза од прекинот на огнот. Biznisvesti
Вчера, портпаролот на палестинската група Хамас, Хазем Касем, изјави дека ја отфрла израелската „формулација“ за продолжување на првата фаза од примирјето во Газа, но не го спомна експлицитно планот на Виткоф.
Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека Израел веднаш ќе започне преговори за планот на Виткоф доколку Хамас го прифати. Plusinfo
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека Тел Авив го прифатил планот на американскиот пратеник Стив Виткоф за продолжување на примирјето во Појасот Газа, но Хамас го одбил. Kanal5
„Нема прекин на огнот без ослободување на нашите заложници“, се наведува во изјавата на Нетанјаху објавена од неговата канцеларија.
Договорот за прекин на огнот меѓу завојуваните страни стапи на сила на 19 јануари. Netpress
Како што наведоа, Хамас одбил да го прифати предлогот на американскиот пратеник Стив Виткоф за привремено продолжување на примирјето.
Портпаролот на Хамас ја нарече одлуката на Израел „евтина уцена“ и „удар на договорот за примирје“, повикувајќи ги посредниците да извршат притисок врз Израел за повторно да овозможи достава на помош за жителите на Газа. Kajgana
„Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која ја презеде функцијата на 20 јануари, одобри воени продажби на Израел во вредност од речиси 12 милијарди долари“, Рубио навел дека користел итни овластувања за да ја забрза испораката на воената помош за Израел.
За потсетување, војната во Газа започна со нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, кој резултираше со смрт на 1 218 луѓе, од кои повеќето цивили. 360stepeni
Палестинската радикална група Хамас денеска соопшти дека Израел се обидува да ги врати работите на почетната точка со барање за продолжување на првата фаза од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа. Telma
Тоа продолжување беше предложено од пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф.
„Со завршувањето на фазата А од договорот за заложници и во светло на одбивањето на Хамас да ја прифати рамката на Виткоф за продолжување на преговорите – на кои се согласи Израел – премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучи дека од утринава ќе биде стопиран целиот влез на стоки и залихи во Појасот Газа. Mk