Радикалното палестинско движење Хамас ја нарече „воено злосторство“ и „евтина уцена“ денешната одлука на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го прекине доставувањето хуманитарна помош за Појасот Газа, пренесоа светските агенции.
Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека потпишал декларација за забрзување на доставувањето воена помош од околу четири милијарди долари за Израел.
Израел го прифати предлогот на пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, за привремен прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан и Пасха, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху само неколку часа по истекот на првата фаза од претходно договорениот прекин на борбените дејствија.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва во 19 часот и 30 минути ќе одржи состанок со највисоките соработници за продолжението на разговорите за заложниците, јави израелскиот телевизиски Канал 13. Израелските преговарачи вчера заминаа дома, а Хамас претходно денеска најави дека нема да прифати продолжување на првата фаза од договорот, за што Израел се залага, објави „Тајмс оф Израел“.