Доналд Трамп ја прекина американската воена помош за Украина само неколку дена по неговиот спор со претседателот Зеленски.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО, а тоа го спомена откако сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп побараа негова оставка.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека ќе работи со Европа за да постави услови за евентуален мировен договор што ќе им ги претстави на САД откако сојузниците собрани во Лондон ветија дека ќе потрошат повеќе за безбедноста и ќе соберат коалиција за одбрана на какво било примирје во Украина.
Самитот во Лондон за Украина со високи влогови заокружи една недела на дипломатија која ги откри разликите меѓу Соединетите Држави и нивните европски сојузници околу ставањето крај на руската војна против земјата и околу ликот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. два дена претходно додаде нова итност на разговорите на 2 март, на кои учествуваа повеќе од десетина европски лидери, вклучително и украинскиот претседател, а домаќин беше британскиот премиер Кир Стармер.