Соединетите Американски Држави продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина, и покрај фактот што од денеска повеќе не и даваат воена помош на земјата, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја запре воената помош за Украина, а според репортерката на Њујорк тајмс од Белата куќа, Меги Хаберман, Трамп тестира „колку далеку може да оди“ во повлекувањето на американската поддршка за Украина додека таа се бори против руската инвазија.
Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ја суспендира воената помош за Украина по неговиот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавија американски медиуми, цитирајќи претставник на Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ја цени изјавата на претседателот Володимир Зеленски за поддршка на мировните преговори, но не разговараше директно за неговата одлука да ја прекине воената помош за Украина во неговото обраќање на заедничката седница на Конгресот на 4 март.