Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Белата куќа синоќа соопшти дека ја преиспитува одлуката за суспензија на финансиската помош за Украина и дека се водат преговори меѓу Киев и Вашингтон околу договорот за ретки минерали.
Ова во изјава за новинарите го соопшти портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, наведувајќи дека вакви информации добила од Советот за национална безбедност.
Таа не кажа дефинитивно дали и паузата во размената на разузнавачки информации со Украина е привремена или трајна.
По вербалниот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела во Белата куќа, Трамп во понеделникот ја прекина испораката на помошта за Украина, а во вторникот рече дека добил писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое изразува подготвеност да седне на преговарачка маса. Kanal5
Белата куќа синоќа соопшти дека ја преиспитува одлуката за суспензија на финансиската помош за Украина и дека се водат преговори меѓу Киев и Вашингтон околу договорот за ретки минерали. Fokus
Се надеваме на првите резултати следната недела“, Јермак по телефонскиот разговор со американскиот советник за национална безбедност објави дека Киев и Вашингтон се согласиле на нови разговори во блиска иднина.
Шефот на кабинетот на Зеленски на Телеграм напиша дека тој и Валц „разговарале за нови мерки што треба да се преземат за да се постигне праведен и траен мир“ во Украина. 360stepeni
Украинските опозициски лидери ја отфрлија идејата за одржување избори за време на војна.
Украинскиот опозициски лидер и поранешен претседател Петро Порошенко потврди дека претставници на украинската опозиција оствариле средба со членови на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Укринформ.
Американскиот специјален пратеник за Украина и Русија, Кит Келог, денеска изјави дека не може да гарантира дека Вашингтон ќе продолжи со испораките на оружје за Киев дури и ако Украина го прифати договорот за минерали и дека одлуката е на американскиот претседател Доналд Трамп.
Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, денеска изјави дека не може да гарантира дека Вашингтон ќе продолжи да му доставува оружје на Киев дури и ако Украина го прифати договорот за минерални суровини и дека оваа одлука е на американскиот претседател Доналд Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Мексико нема да мора да плаќа царини за која било стока опфатена со трговскиот договор меѓу САД и Мексико и Канада (УСМЦА) до 2 април.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која се ослободуваат од царини широк спектар на стоки кои доаѓаат во САД од Мексико и Канада.
Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ги иззема материјалите од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија од зголемена царина од 25 отсто за увоз на стоки од тие земји.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го укине привремениот правен статус на 240.000 Украинци кои избегаа во САД по руската инвазија, пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на високи функционери и извори запознаени со планот.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го отповика привремениот легален статус на 240.000 Украинци кои дошле во САД пред војната против Русија, изјави висок функционер на Трамп и тројца извори запознаени со ова прашање, што значи дека тие би можеле да бидат депортирани по забрзана постапка.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија по новите руски напади врз Украина во текот на ноќта.
Четбот за вештачка интелигенција на Илон Маск, Грок, оцени дека има најмалку 75 проценти шанси претседателот Доналд Трамп да е „руско богатство“ и дека е „компромитиран“ од рускиот претседател Владимир Путин.