За таа цел, словачките власти дури претставија студија, според која, прекинот на транзитот на руски гас низ Украина индиректно ќе ја чини Европа околу 100 милијарди евра поради зголемување на цените на електричната енергија.
Како одговор на барањата на Братислава, Европската комисија и Словачка на почетокот на јануари формираа Работна група на високо ниво за следење на состојбите поврзани со прекинот на транзит на руски гас преку територијата на Украина, со задача да ги „идентификува опциите врз основа на заедничка проценка на ситуацијата и да види како ЕУ може да помогне“. Nezavisen
Не може да има никакви преговори за Украина беа учество на Киев, се посочува во текстот на предлог-заклучоците од денешниот специјален Европски совет во Брисел посветен на поддршката на Украина и одбраната на Европа.
Дополнително во заклучоците, усогласени претпладнево од страна на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ во Брисел, се нагласува и дека ЕУ мора да биде вклучени во какви било разговори што се поврзани со безбедност на Европа. Biznisvesti
Ова е само предлог текст и можно е да дојде до измени на неговата содржина во конечната верзија на заклучоците, што треба да бидат усвоени на крајот на денешниот Самит.
Инаку, во досегашниот тек на лидерската средба, шефовите на држави или влади на членките на ЕУ одржаа работен ручек со украинскиот претседател Володимир Зеленски на кој се дискутираше за поддршката на Унијата за Украина. Libertas