Хамас, организација која САД ја сметаат за терористичка организација, во четвртокот соопшти дека заканите од американскиот претседател Доналд Трамп го охрабруваат Израел да се откаже од договорот за прекин на огнот во Газа.
Портпаролот на палестинската милитантна организација Хамас, Хазем Касем, денеска изјави дека групата ќе го прифати само планот на арапските земји за повоена реконструкција на Газа, што ќе добие поддршка од Палестинците во енклавата.
Израелското Министерство за надворешни работи синоќа ја критикуваше резолуцијата усвоена на самитот на Арапската лига во Каиро за обнова на Појасот Газа.
Египетскиот претседател Махмуд Ел Сиси денеска изјави дека Египет во соработка со Палестинците формирал независен комитет за управување со Газа и ги повика сите арапски земји да го усвојат египетскиот план за Газа.