На Меѓународниот ден на жената во Варшава, симболично, во близина на зградата на парламентот и седиштата на главните полски партии, беше отворена првата амбуланта каде што Полјачките можат да извршат абортус во раната бременост, иако во Полска тоа е забрането, освен ако не го загрозува животот и здравјето на трудницата или ако плодот е резултат на силување или инцест. Nezavisen
Едно од големите предизборни ветувања на владејачката проевропска демократска коалиција на премиерот Доналд Туск беше враќањето на компромисот од 1993 година, пред одлуката на Уставниот суд, како и укинување на кривичната одговорност за помош при абортус.
Сепак, тоа ветување останува неостварливо сè додека во средината на годината не му истече мандатот на актуелниот претседател Анджеј Дуда, кој рече дека ќе стави вето на каква било либерализација на законот за абортус и кривичниот закон поврзан со него. Biznisvesti
Активистките предупредуваат дека абортусот не е казнив ако го изврши самата трудница, но според измените на кривичниот закон во време на владеењето на конзервативната партија Право и Правда на Јарослав Качински, затвор им се заканува на сите што ќе ѝ помогнат на трудницата – било да е тоа лекар или пријателка што ѝ набавила пилула.
Со одлука на Уставниот суд на Полска од 2020 година, на Полјачките им беше одземено правото да извршат вештачки прекин на бременоста поради тешки деформитети или заболувања на плодот. Biznisvesti
„Сите во ЕУ, САД и Украина разбираат дека основната улога на Полска е да ја зајакне границата со Русија, а не да испраќа војници во Украина“, продолжи Туск.
„Нема причина Европа да се чувствува инфериорна во однос на Русија со оглед на разликите во популацијата и квалитетот на оружјето. Civilmedia